Loading Video...
Фудбал
24. April 2018 - 10:23

Ново ремек дело на Горан Пандев

Екипата на Џенова забележа победа над Верона со 3-1 во натпревар од 34.коло на Серија А.
Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, одигра само десетина минути, но тоа беше доволно да се впише во листата на стрелци и тоа со прекрасен гол, поставивајќи го конечниот резултат.

За пандев тоа беше четврти гол сезонава во Серија А.