Македонија
2. November 2015 - 20:59

Ново повеќенаменско игралиште во битолското село Дихово

Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска го пушти во употреба повеќенаменското игралиште во потпелистерското село Дихово.

Игралиштето се наоѓа до училиштето, односно до Домот на културата, каде минатата година беше извршена пренамена на просториите и сега се изведува настава од прво до петто одделение.

- Ова е игралиште коешто им го ветивме на граѓаните и кое најмногу ќе го користат учениците, но и младите од селото. Игралиштето е повеќенаменско, односно е прилагодено за кошарка и за фудбал, истакна градоначалникот Талески.

За реализација на проектот беа инвестирани 1,3 милиони денари.