Македонија
15. August 2023 - 11:53

Ново поскапување на цените на млечните производи

Лоша вест за љубителите млечни производи како сирење, кашкавал, јогурт, павлака поради новите поскапени цени.

Поскапувањето, како што се зборува, ќе изнесува од 5 до 30 денари на секој млечен производ, почнувајќи од киселото млеко и киселата павлака, па сѐ до топеното сирење и овчиот кашкавал.

Освен ова основно поскапување, на новата цена на производите ќе се додаде и маржата која од 1 јули годинава веќе не е замрзната, но и ДДВ-то од 5 проценти.

Па така, омилениот јогурт кој досега го купувавте за 80 денари, отсега ќе чини околу 90 денари. Омилениот кравји кашкавал кој досега чинеше околу 500 денари сега ќе чини до 600 денари.