Loading Video...
Ракомет
5. May 2019 - 20:52

Ново полуфинале за Вардар во ракометната Лига на шампиони

 
 
Македонскиот првак Вардар загуби од ПИК Сегед со 29:25, но ја сочува предност од првиот четвртфинален меч кога во Скопје црвено-црните славеа со осум голови разлика (31:23).
 
Во тежок меч во кој првиот дел им припадна на домаќините, а вториот на вардарци, македонскиот првак иако поразен саепак на крајот можеше да се радува бидејќи по трет пат во низа обезбеди пласман на завршниот фајлан-фор турнир во Келн. 
 
Нашпите ракометари добро го отворија мечот и до 12-минута имаа гол предност 4:4. Во продолжение унгарскиот пампион  направи голема серија од 14-5 и веќе на полувремето ја анулира негативата од осум гола (17:9).
 
Во вториод дел избраниците на Парондо ја зацврстија одбраната и заиграа далеку подобро во нападот па во 52-минута намалија само на два гола негатива (23:25). 
 
 
Најефикасен во редовите на Вардар беше Игор Карачиќ со 8 гола, додека Кристопанс постигна 5, а уште една брилијантна партија имаше голманот Дејан Милосављев кој имаше 10 успешни одбрани. 
 
Покрај Вардар, во полуфиналето ќе играат и унгарски Веспрем, шпанската Барселона и полскиот првак Килце. Завршниот фајнал-фор во Келн ќе се одржи на 1 и 2 јуни. `