Loading Video...
Кошарка
23. July 2020 - 19:42

Ново одложување на АБА-2 лигата

Пандемијата со коронавирусот и  натаму одложува бројни натпреварувања.  Едно од нив важно за нашите кошаркарски екипи Втората АБА лига е пролонгирана за две недели и ќе стартува на први октомври. 
Македонската кошарка во  второто по вредност јадранско натпреварување , АБА -2 ќе се претстави со две екипи . Покрај стандарниот претставник МЗТ Скопје овојпат ќе дибитира и Работнички. 
За организаторот на лигата  најважна е безбедноста на актерите кои се под закана од Ковид-19 па за да се намали ризикот АБА-2 лигата ќе стартува со двонеделно задоцнување на први октомври.  Најавено е дека подоцна ќе бидат објавени и протоколите за организација на натпреварите но и распоредот за новата сезона. 
Најважно е безбедно одигрување на натпреварите и спречување на ширењето на коронавирусот велат од АБА-2 лигата.