Македонија
13. March 2016 - 18:06

Ново невреме, студ и снег од утре

Времето во Македонија утре ќе биде облачно и посвежо со локални послаби врнежи од дожд, особено претпладне. Снежната граница ќе се спушти до висина од 1000 метри. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина околу 60 километри на час.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 4 до 13 степени.

Во Скопје максимална температура до 11 степени.

Во вторник  попладне и во среда времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет. Во четврток  и петок се очекува стабилизирање на времето.