Кошарка
29. May 2018 - 11:03

Ново НБА финале за Г.Стејт

Актуелниот првак во НБА лигата, Голден Стејт ќе го брани трофејот во најелитната кошаркарска лига откако во 7. меч во Хјустон забележа победа од 102-91.

Мечот се прекрши во третата четвртина во која Вориорс доминираа со резултат 33-15.
Кевинт Дурент блесна во победничката екипа со 35 поени додека кај Хјустон Џејмс Харден уфрли 32 поени со катастрофално слаб процент на реализација. 
Хјустон мечот го одигра без повредениот Крис Пол. 
Финалето со Кливленд стартува во четврток навечер.