Македонија
29. September 2021 - 16:42

Ново изненадување од Брисел - се бара укинување на безвизниот режим

Дали по проширувањето, Европската Унија ќе го доведе во прашање и безвизниот режим за земјите од Западен Балкан?

Бриселската агенција ЕУ Обсервер утрово објави ексклузивен документ според кој Франција, Германија и Италија гневни поради бројните злоупотреби размислуваат за укинување на патувањето без визи за некои земји од регионот, но и за Молдавија, Грузија и Украина.

Како причина се споменуваат нерегулираните барања за азил во овие земји. Според документот, Франција има најголем проблем со барањата за азил од Албанија, Србија и Грузија, додека пак Германија се жали на барањата од Албанија и трите држави од Источното партнерство кои исто така бараат формално членство во Унијата.

Македонија во овој документ е спомената единствено од страна на Белгија каде во текот на летото забележале зголем број на барања за азил, но прво ќе се прават проценки дали се работи за изолирани случаи.

Од македонската влада ниту потврдуваат, ниру негираат дека постои ваква можност.

Според директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска премногу е рано да се коментира дали Унијата ќе го доведе во прашање патувањето без визи само врз основа на овој документи. Смета дека пораките кои изминатите денови пристигнуваат од европските челници се очекувани, но голем простор за исполнување на нивните очекувања се уште нема.

Македонија, Србија и Црна Гора без визи во Европската Унија патуваат од декември 2009-та година. Дозволениот престој е ограничен на 90 дена.