Loading Video...
Тенис
6. October 2020 - 17:23

Ново изненадување на Роланд Гарос, Подорска ја елиминирана 3-носителка Свитолина

Ново изненадување на женскиот дел од турнирот во Париз. 
 
За тоа се погрижи Аргентинката, Надиа Подорска која е дури 131-во рангирана тенисерка на ВТА листата, која пак во четвртфиналето ја елиминира 4-тата носителка на Роланд Гарос , Украинката, Елена Свитолина совладувајќи ја вбо два сета со 6-2 и 6-4. 
 
Таа сега ќе го чека исходот од мечот меѓу Ига Сватек од Полска и Унгарката Мартина Тревисан, по кој ќе биде комплетиран првиот полуфинален пар кај дамите,. 
 
Вториот полуфинален пар ќе го дознаеме утре по дуелите меѓу Американките Софија Кенин (4) и Даниеле Роус Колинс, односно мечот меѓу (7) Петра Квитова од Чешка и германката, Лаура Сигмунд.