Ракомет
12. May 2018 - 20:18

Ново финале за вардарки во Лигата на шампионки

Ракометарките на Вардар по втор пат ќе се борат за трофејот во елитната Лига на шампионки. 
 
Вардарки  се пласираа во финалето на ова натпреварување, а како и лани за трофејот ќе се борат со унгарскиот тим на Ѓер.  
 
Во полуфиналето на завршниот фајнал-фор турнир во Будимпешта, ракометарките на Вардар забележаа победа на руската екипа Ростов дон со 25-19. 
 
Освен почетното водство од 1-0, во првата минута, се останато беше во знакот на вардарки, кои со серија од 4-0 во 8-минута поведоа со +3 гола разлика, а во првиот дел во неколку наврати вардарки имаа и +4, за на полувремето резултатот да гласи 10-7 за Вардар. 
 
Во вториот дел. Највисоката предност македонскиотшампион ја оствари во 41,минута кога водеше со 15-9, по што следуваше серија на Русинките од 4-0, за намалување на предноста на само два гола (15-13). Но, во завршните десет минути, вардарки се созедоа и повторно на крајот стигнаа до шест гола разлика, за конечни 25-19. 
 
Најефикасни во вардаровиот тим беа Пенезиќ и Лекиќ со по седум гола, а кај поразениот Ростов Дон се истакнаа Илина со пет и Булатовиќ со три гола. Клучен фактор во полуфиналето беше Амандин Лејно, која собра 14 интервенции.
 
Така вардарки се изборија за своето второ финале, и тоа повторно против домаќинот унгарски Ѓер кој во првиот полуфинален меч со 26-20 го совладаа романскиот тим ЦСМ Букурешт со 26-20 .
 
Финалниот меч ќе се игра утре од 18 часот, а претходно од 15:15 часот е дуелот за 3.место.