Тенис
25. November 2016 - 15:08

Ново финале за Ѓорческа во двојки

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Галина Воскобоева од Казахстан се пласираа во финалето во игра на двојки на фјучрсот во Валенсија (награден фонд 25.000 долари). Комбинацијата Ѓорческа – Воскобоева како први носителки денеска во полуфиналето во два сета (2-0) ги победија Аманда Карерас (Велика Британија) и Андреа Гамиз (Венецуела).
Првиот сет го добија со 6:2, а во вториот беше 6:3 во гемови. Мечот траеше 61 минута.
Утре во финалето Ѓорческа и Воскобоева ќе играат против Алисија Хереро Линана (Шпанија) и Ксенија Шарифова (Русија), кои без борба го добија полуфиналето со Ирина Марија Бара (Романија) и Александра Корашвили (Украина) против