Ново детско игралиште во Теферич
Општина Кисела Вода изгради ново детско игралиште во Теферич. Се протега на околу 70 квадратни метри и е опремено со реквизити кои на најмладите им нудат можност за забава и релаксација.
Како што информира Општина Кисела Вода, детското катче е надополнето и со урбана опрема-канти за отпадоци и клупи. За изградба на ова ново детско игралиште, општина Кисела Вода инвестираше 150.000 денари, а го изведоа екипите на фирмата “Занаетчиска работилница – Чардак”- Скопје.
Општината, исто така, го реновираше и спортското игралиште во Теферич, кое се наоѓа веднаш до детското. Поставена е нова заштитна ограда, бојадисани се стативите, поставена е и нова мрежа на кошевите, по што овој спортски комплекс е подготвен и достапен за сите љубители на фудбалот и кошарката од овој дел на градот.
За обновата на ова спортско игралиште, општина Кисела Вода од својот буџет издвои 80 000 денари.
Ново на Сител
-
Силјановска убедливо води во собрани донации
-
Тема на денот со Петер Бајер, пратеник на ЦДУ во германскиот Бундестаг
-
„Алкалоид“ донираше течен „омепразол“ на детската клиника и на клиниката „Козле“ за 200 дечиња
-
Преглед на вести од светот
-
30 дена притвор за полицајците од затворот „Идризово“
-
Разузнавачот останал без пасош
-
Засилена претседателска кампања
-
Бурни реакции за Резолуцијата