Македонија
25. March 2019 - 16:36

Новите табли за Владата и институциите дури по изборите

Новото уставно име на фасадата на Владата, како и двојазичните табли со новото име на државава ќе бидат поставени по завршувањето на претседателските избори. Тендерските процедури ќе го чекаат нивното завршувањето, бидејќи како што предвидува изборниот законик, за време на изборниот процес не смеат да бидат распишани јавни набавки.

Паралелно со овие промени, тече и примената на Законот за јазици. Еден месец по почетокот на работата на меѓуресорската работна група за спроведување на Законот, како најголем предизвик при имплементацијата е идентификуван преводот во државните институции, бидејќи има институции со големи количини превод на дневна основа.

Законот за јазици во почетокот на годинава беше донесен по жестока дебата во Собранието. Претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша указот, бидејќи смета дека законските решенија се противуставни.

Поради противењето на Иванов, Законот за употреба на јазиците во Службен весник е објавен со фуснота, која појаснува од кои причини Законот е објавен без негов потпис.