Бизнис
15. May 2018 - 19:36

Новите полимерни пари пуштени во употреба

Од денеска повеќе нама да може да се  купува ниту да се враќа кусур со  книжните 10 и 50 денари. По 22 години употреба , тие заминуваат во историјата. Во промет се пуштени новите полимерни банкноти од овие апоени. Од НБРМ  велат за разлика од  хартијата, полимерните пари не се оштетуваат лесно и имаат  подолг животен век. 

Новите полимерни банкноти  имаат и втиснати издигнати точки кои  ќе им помогнат на лицата со оштетен вид да ја распознаат вредноста на  банкнотата.

Од денеска  и правните лица кои што ги одржуваат машините  за обработка на пари и автоматска наплата на готовина во земјава ќе можат да ги приспособат софтверите за да можат да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на новите полимерни пари.

Оние  кои сеуште поседуваат  од книжните 10 и 50 денари, од денеска па се до 15 мај наредната година можат да ги заменат во сите банки низ државава. Потоа замената ќе се прави само во НБРМ.

Полимерните бакноти се употребуваат во повеќе од 20 земји во светот.