Македонија
4. јуни 2018 - 17:21

Новите министри влегоа во кабинетите - најголеми промени се очекува да се случат во Министерството за правда

Рената Дескоска,Арбр Адеми, Асаф Адеми и Бардуљ Даути седнаа на своите нови министерски места – во правда, во образование, во култура и за странски инвестиции. Новите министри кои се резултат на неколку месечните преговори за поголема владејачка коалиција ветија продолжување на проектите на своите претходници, но и нови реформи.

Најдрастични промени според најавите ќе треба да се случат во секторот правда. Дескска како прва работна задача најави законски измени со кои ќе се намалат трошоците што граѓаните ги плаќаат на извршителите.

Новата министерка за правда најави и ново барање за екстрадиција на обвинетите Грујовски и Бошкоски од случајот Таргет – Тврдина на СЈО за кои грчкиот Врховен суд одлучи да не ги испорача во Македонија.

Ексминистерот Билен Саљуји кој рече дека Дескоска ќе има за нијанса полесна работа од него како минситер за правда во 2017 година, засега нема нова владина функција. Ќе чека на одлука од партиските органи на ДУИ.

Дескоска во правда стигна откако му ја отстапи функцијата миистер за образование и наука на својот доскорешен заменик – Арбр Адеми од ДУИ. Тој пак, најави комплетно продолжување на политиките на Дескоска во овој ресор. Прва задача ќе му биде имплементација на новиот закон за високо образование.

Првото примопредавање утринава го направија екс-министерот Алаѓозовски со кадарот од новиот коалициски партнер БЕСА – Асаф Адеми. Министерот Адеми првин се обрати на албански јазик, а потоа на македонски, но нагласи дека ќе биде министер на  сите граѓани

Новиот министер за култура денеска не сакаше да одговори дали и што ќе преземе околу ревизијата на проектот Скопје 2014.

Алаѓозовски пак, заминува на нова владина фиукција – национален координатор за култура и меѓународана соработка што всушност е советодавна фукција диркетно под премиерот Заев.