Македонија
25. November 2021 - 16:43

Новите ковид мерки на владина седница - и здравствената фела против нивно усвојување

Подобро вакцинацијата против Ковид да биде задолжителна отколку да се бараат ПЦР тестови за вработените и во јавниот и во приватниот сектор. Вака професорот Никола Пановски ги коментира последните предлог мерките на здравствените власти.

-Прво да се донесат законски предуслови да не паѓа тоа по судови, пак ние ќе плаќаме. Како сега што ќе плаќаме евентуално за овие тестирања од буџетот ние граѓаните.  Правно да се регулира тоа да стане доброволната вакцина задолжителна, а не да викаме дека е доброволна, а да се прават задолжителни мерки. Ако стане задолжителна, ова со ПЦР тестот се укинувадека има право на избор. Ако сам го плаќа нема право на избор, можеби нема да има пари, ако го плаќа фирмата приватна исто така нема да има право на избор бидејќи ќе го отпуштат од работа. Затоа ако веќе решиле да биде задолжителна вакцината и тогаш нема ПЦР тест, изјави за сител професорот по микробиологија Никола Пановски.

Според професорот Пановски доколку сега се усвојат предложените мерки,  вакцинацијата ќе има ефект дури на пролет.

-Тоа со сегашниот евентуално очекуван бран нема врска, Сегашниот бран ако дојде, дај боже да не дојде ако сакаме да го спречиме треба да се донесат мерки. Тоа не е вакцината. Вакцината е континуиран процес и треба камппања за одговор на сите лажни вести или полувистини, смета професорот Пановски.

Професорот Пановски смета дека најголем револт за мерките има кај прележаните, затоа уште еднаш потенцираше дека важноста на нивниот сертификат да биде најмалку 6 месеци, а не како сега 45 дена.

Инаку предлогот ПЦР тест на 72 часа на товар на работодавачот, наместо вакцина произлезе од средбата на министерот Филипче со синдикатите.

На ова реагираа коморите. Според нив тестот треба да си го плаќа работникот.

Поради несреќата со македонскиот автобус предлозите ќе се најдат на следната Владина седница, најверојатно во вторник.