Македонија
24. January 2016 - 16:48

Новите авио линии кон Охрид ќе овозможат богата туристичка сезона

Охрид годинава ќе врие од странски туристи .Со воведувањето на новиот директен чартер лет на тур операторот Томас Кук до аеродромот Свети Апостол Павле  во текот на летната сезона ќе се зголеми бројот на гостите од Белгија. Компанијата склучила договори за сместување со 16 хотели на охридско - струшкото крајбрежје.

Најчесто се нудат и бараат седумдневните аранжмани и тоа од април до месец октомври но со добра промоција туристичките работници се надеваат дека може да се развие и зимскиот туризам.

Со мерките на владата бројот на туристи во земјава е зголемен за 100%. Годинава од 25 евра субвенциите  ќе пораснат  на 65 евра за туристите, кои ќе доаѓаат со чартер летови од Израел, Австрија, Франција, Италија, Малезија, Јужна Кореја и Шпанија.