Бизнис
16. August 2017 - 21:12

Новиот закон за енергетика во подготовка

Се подготвува нов  закон за енерегтика. Станува збор за воведување на Третиот пакет што преставува сет на директиви на Европоската  Унијата. Од Владата информираат дека со новиот закон јасно ќе бидат определени правилата за сигурно безбедно и квалитетно снабдување со електрична енергија, а ќе се обезбеди  и поголема заштита на  интересите на граѓаните. Ќе се овозможи целосна либерализација на пазарот на струја. Но дали ќе има промена на цената на струјата според експертите е рано  да се зборува иако нивните очекувања се таа во иднина да расте.

Во однос на евтината дневна тарифа експертите сметаат дека е возможно да се спроведе но дека треба да се направи солидна анализа дали со тоа ќе се испочитуваат препораките на Европската Енергетска заедница, која пред извесен период сугерираше дека ваква тарифа треба да се воведе само за социјалната категорија на граѓани.

Рокот во кој требаше да се воведе третиот пакет беше први јануари 2015 година. Поради непочитување на обврските Европска Унија беше принудена да отвори спор против Македонија.

Од владата појаснуваат дека нема владина одлука за поскапуување на струјата затоа што Владата не е таа која одлучува за цената.