Македонија
18. January 2019 - 14:55

Новиот состав на Антикорупциска според новиот закон

Собраниската комисија за прашања на избори и именувањата на денешната седница донесе одлука за поништување на огласот за именување членови на Државната комисија за спречување на корупцијата објавен на 18 октомври 2018 година согласно стариот закон.

Како што истакна претедателот на собраниската Комисија пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, изборот на составот на Антикорупциска ќе се изврши по новиот Закон кој беше донесен вчера на собраниска седница.

Се очекува Законот откако ќе добие потпис на претседателот на државата да биде објавен во „Служен весник“, по што претседателот на Собранието Талат Џафери ќе може да го објави новиот оглас за избор на членови на Антикорупциска, а паралелно треба според член 12 од новиот Закон да се утврдат и роковите и критериумите за спроведување на процедура.

-Новата процедура за избор на членови ќе биде покомплицирана, затоа што ќе треба да имаме јасно пропишани ктиртериуми од страна на претседателот на Собранието и јасно пропишани рокови кои заради одржување на претседателските избори ќе бидат прилично стеснети. Ќе треба оваа наша Комисија за избори и именувања да состави комисија за селекција која ќе биде составена од седум члена – двајца од власта, двајца од опозицијата, двајца претствнници од телата за соработка помеѓу Владата со здруженија и со фондациите и со граѓанскиот сектор и еден по предлог на Народниот правобранител, рече Димовски.

Појасни дека таа постапка ќе биде комплицирана бидејќи прв пат се предвидуваат јавни интервјуа со претставници од МАНУ, од Интерпарламнетарна унија, здруженија на граѓани кои ќе се пријават да бидат дел од процесот на јавни интервјуа со интервјуирање на пријавени кандидати на огласот.

Инаку на поништениот оглас биле пријавени 39 кандидати за членови во Антикорупциска.

На денешната седница не беше донесена одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор врз Оперативно-техничката агенција. Согласно Законот за следење на комуникациите ова тело треба да брои седум члена, од кои тројца експерти и тројца претстваници од невладиниот сектор со искуство во областа на правото, телекомуникациите и информатичките технологи или заштита на основните човекови права, безбедноста и одбраната.

Димовски рече дека на распишаниот оглас согласно собраниската одлука од 18 октомври 2018 година, се пријавиле вкупно осум кандидати од кои седум ги исполнуваат критериумите. Тој предложи да се поништи овој оглас за да се распише нов на кој како што рече, би се јавиле повеќе кандидати со што би се направил квалитетен избор.

-Не сакам да видам во ситуација за која ова значајано тело кое треба да гарантира некаква безбедност и контрола врз следњето на комуникациите во РМ, тема која што е болна на неколкун пати во изминатите 27 годфини да биде изгласано со надгласување, без консензус од сите значајни фактори во Собранието. На тој начин Собраниеточе прати порака до граѓаните дека работитет не се раслистени, односно дека сеуште има виосок степен на недоверба, рече Димовски.

Ивана Туфекџиќ од СДСМ побара првично да се направи делумен избор на четири од потребните седум кандидати, а проблемот со малиот интерес за членување во ова важно тело го лоцира во малата видливост, односно јавноста на огласот.

-За да реално ја вратиме довербата, имаме одлични кандидати кои се пријавени од областа на човековите права, имаме и информатичар кој е во двојна улога и на информатичар и на човекови парава да избереме денеска четири кандиодати иако опозицијата ќе го спори бидејќи во принцип треба да се гласа во целост за шест члена и претсдеател, за да може да се постави ненанков траг ддека почнуваме во смисла на формирањето на овој совет и за дополнителните членови да распишеме оглас. Важно е да ги охрабриме информатичарите и оние од областа на телекомуникациите да се пријавуваат на ваков тип огласи, рече Туфекџиќ.

Координаторото на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алити и Африм Гаши од БЕСА побараа да се поништи огласот бидејќи нема пријавено кандидати од заедниците, а во телото треба да биде застапен принципот на правична застапеност.

Меѓу осумте кандидати пријавени на огласот се и професроеите Гордан Калајџиев, Катарина Крстевска Савовска и судиката Маргарита Цаца Николовска.

За оваа точка че се одлулува на седница на Комисијата во понеделник.