Македонија
28. October 2021 - 16:46

Новиот штипски градоначалник тврди дека „Исар“ тоне во долгови

ЈП „Исар“ од Штип, за 4 години години акумулирало историски долг од 300 милиони денари или скоро 5 милиони евра, обзнани денес градоначланикот Иван Јорданов. Половина од долгот е на име камати кон Министерствто за финансии, за кредит од ЕБОР, зашто во изминатиот четири годишен период не е уплатена ниту една рата.

  • Вкупниот износ кој што општина Штип, како гарант на ЈП „Исар“ треба да го исплати на Министрството за финансии е рекордни 220 милиони денари-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Состојбата дополнителна со влошува поради опасноста градот да остане без вода за пиење, зашто добавувачот на електрична енергија се закани дека ќе ја исклучи струјата, доколку не му бидат исплатени парите што му ги должи претпријатието.

  • 29 милиони денари не платен долг на ЈП кон овој добавувач- додаде Јорданов

Кон останатите добавувачи, за набавка на репроматеријали за работа, само во изминатите 10 месеци, претпријатието се задолжило за дополнителни 60 милиони денари.

  • Ова е крајно безобразно, девијантно и криминално работење со народните пари- изјави Јорданов

Побарувањата на „Исар“ се само 14 милиони денари, а бидејќи е доведено во прашање сервисирањето на основните животни потреби на штипјани, Јорданов најави итна ревизија.