Балкан
9. October 2015 - 23:09

Новиот шеф на УНМИК, Захир Танин, пристигна на Косово

Новиот шеф на мисијата на ОН во Косово (УНМИК) Захир Танин пристигна на Косово, каде ја презема должноста специјален претставник на генералниот секретар на ОН, пренесе Танјуг.

Досега Танин беше постојан претставник на Авганистан во ОН, а ја извршувал и функцијата заменик претседател на Генералното собрание на ОН, работел како продуцент и уредник на радио Би-Би-Си, како аналитичар и како професор во Лондон.

Танин има завршено медицина во Кабул.

На својата нова функција Захир Танин го замени досегашниот шеф на УНМИК, Фарид Зариф, чиј мандат истече во август.