Бизнис
30. August 2016 - 16:20

Новиот ребаланс на буџетот за 2016 година е наменски и се носи за обесштетување на граѓаните погодени од поплавите

Наменски ребаланс чија цел е целосно да се обештетат граѓаните погодени од поплавите, како и да се преземат мерки за справување со елементарни непогоди во иднина.

Со ребалансот треба да се обезбедат дополнителни 36,4 милиони евра., преку зголемување на буџетскиот дефицит на 4% и пренамена на средства од различни институции. Мал износ се крати од капиталните проекти за кој е извесно дека нема да се вложи до крајот на годината.

Опозицијата реагираше дека со пренамена на само 1,5% од буџетот ќе се обезбедат потребните средства и дека ребалансот и нови задолжувања не се потребни. Тие поднеле 11 амандмани за кратења на буџетски средства.

Владеачката партија реплицираше дека за тековните проекти се преземени облигациони обврски и дека за нивно прекинување би требало да се плаќаат пенали.

Во поплавите на 6 август беа погодени околу 5000 семејства. Мерки за минимизирање на штети од елементарни непогоди треба да произлезат од анализата која владата ја прави со Светската банка, УНДП и Европската комисија.