Балкан
6. July 2016 - 10:34

Новиот пропорционален изборен закон влезе во грчкиот Парламент

Грчката Влада го поднесе во Парламентот предлог законот за измени на изборниот закон, информира весникот Њуз.ин. 

Парламентарната расправа за овој проект почнува утре, а со него се предвидува воведување на едноставен пропорционален изборен систем, укинување на досегашните бонуси од 50 пратенички места за партијата која ќе победи на изборите, и право на глас за лицата кои наполниле 17 години. Изборниот праг за влез во Парламентот се задржува на три процента.

Според грчкиот Устав, за изгласување на законот е неопходно двотретинско мнозинство или 200 гласа од пратениците. Грчкиот Парламент има 300 пратеници.

Политичките консултации за овие измени почнаа пред неколку недели во ситуација на тензии меѓу Владата и опозиција. Лидерот на конзервативиците Кириакос Мицотакис соопшти дека не го профаќања предлогот.

Не се реализираа и првичните очекувања на Владата за тоа дека ПАСОК ќе застане зад предлогот на Ципрас за едноставен пропорционален систем, што значи дека при гласањето ќе се смета единствено на гласовите на останатите партии - коалицискиот партнер Независни Грци, комунистичката партија, Сојузот на центристи и Потами.

Владината коалиција СИРИЗА - Независни Грци во Парламентот располага со мнозинство од 152 од вкупно 300 пратеници.

Лидерката на социјалистичката ПАСОК, Фофи Генимата, соопшти дека нејзината партија нема да гласа за измените, откако тие ја претекнаа Златна зора во улогата на регулатор на процесите.

Истовремено, нејзниот партнер Демократската левица ДИМАР излезе со свој предлог, што доведе до поделба на Демократскиот блок, претставен од двете партии ПАСОК-ДИМАР.

Ципрас сака новиот изборен закон да биде изгласан од сегашниот Парламент и тоа во текот на летото и измените во него да добијат поддршка од најмалку две третини или 200 пратеници, но без гласовите на Нова демократија и Златна зора.Набљудувачите, меѓутоа, наведуваат дека тоа ќе биде тешко изводливо.