Новиот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев нема да дозволи политички притисоци врз судиите
Новиот претседател на Кривичниот суд нема да дозволи политички притисок врз судиите и од нив ќе бара да работат согласно законите. Џолев кој денес даде свечена заклетва не планира итни прераспределби на судии пред да направи детална анализа.
- Изборот на претседател на основниот суд конечно се случи и со самото тоа сметам дека не смее веке да постојат оправдувања нема алиби доколу состојбите не се поправат. Очекувам со помош на целиот колектив тие состојби ќе се поправат со наше заедничко работење и залагање. Треба се напправи анализа ,ќе разговарам со сите судии поединечно ќе има преструктуирања но овојпат се надевам дека тоа ќе биде на општо задоволство. Ќе видиме какви ќе бидат и реакциите откако ќе се направат новите распореди. Итни прераспоредувања нема да има,годишниот распоред доаѓа со крајот на годината, изјави Џолев
Зад камерите тој рече дека ги закопале воените секири со неговиот претходник Владимир Панчевски со кој меѓусебно си поднесуваа кривични пријави.
Деновиве завршило делегирањето на 4ца судии од основниот суд и тие се вратени во матичните судови од каде беа дојдени информираше претседателот на судски совет. Голем проблем за судството сега е што со новиот буџет не се предвидени средства за зголемување на надоместокот на судиите поротници.
- Останува за овој проблем јавно да апелирам до пратениците во Собранието на РМ во расправат при донесување на буџетот на РМ да извршат интервенција затоа што, како што рече, со постојниот Правилник и со надоместоците кои ги имаат судиите-поротници се очекува во најскоро време да има блокада на судовите во кои за работа се потребни поротниците, Зоран Караџовски претседател на судски совет
Според премиерот Заев финансиите нема да бидат пречка во градењето на независното правосудство. Тој уверува дека во буџетот има резерви за да се покачат дневниците на поротата како и за награди за највредните судии.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар