Македонија
24. January 2020 - 19:05

Новиот правилник за моторни возила го стопираше увозот на автомобили

Данокот за CO 2  кој се воведе со новиот правилник за моторни возила за две години ќе се зголеми за 50 отсто од моменталниот износ. Според сегашниот ценовник тој за бензиците се движат од 5 до 250 денари за ослободен еден грам цо 2, а за дизелот од 10 до 320 денари. Следната година овие цени ќе пораснат за 25 отсто, а во 2022 за 50 проценти.

Отако пред два дена ги доставија до владата денеска увознциите на половни возила своите барања ги поднесоа и во царинската управа. Се надеваат дека ќе бидат прифатени во спротивн велат дел до нив  поради високите цени на увоз ќе треба да стават клуч на своите плацеви. Велат дека откако е правилникот на сила увозот на коли е намален за 90 отсто.

Од Царинската управа посочија дека ќе ги разгледаат барањата и во следниот период ќе се произнесат по истите.  

Новиот правилник за моторни возила стапи на сила од први јануари со што се воведе и нова ставка за даночење врз основа  на емисијата на јаглерод диоксит кој го испуштаат возилата.  Тоа значи за автомобилите кои повеќе загадуваат да се плаќа повисок данок. 

Инаку возилата учествуваат со 20 отсто во загадувањето.