Новиот парфем на „Москинo“ како средство за чистење стакла
Напредвидливиот Џереми Скот не престануа да изненадува со неговите креативни иновации.
Откако ја претстави колекцијата на „Москино“ инспирирана од сервисите за миење возила, каде апсолутен хит беа маската за мобилен телевон и чантата во форма на средства за чистење прозорци, Џереми отиде чекор понатаму во кампањата за новиот парфем на овој бренд.
Главно изненадување е шишето на парфенот кое налкува како амбалажа на средство за чистење стакла, а негово заштитно лице е Линда Еванџелиста, една од водечките манекенки од ерата на супермоделте кои ги тресеа модните писти во 90-те години на минатиот век.
Наречен „Фреш Кутир“, новиот парфем на „Москино“ на полиците на парфемериите ќе се најде кон крајот на оваа година и тоа во пакување од 30, 50 и 100 милилитри.
Мирисот е свеж, но секако, не потсетува на средство за чистење туку мириса на мандарина, божур, иланг-иланг, малина, пачули и бергем.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок