Бизнис
30. November 2018 - 18:21

Новиот оперативен план - шанса за сите прзентирани пред бизнис заедницата во Струмица

Новиот оперативен план и програмата шанса за сите прзентирани пред бизнис заедницата во Струмица.  Според министерката за труд и социјална политика Мила Царовска  ваквите средби се прават со цел новиот оперативен план да биде прилагоден на потребите на бизнис заедницата  и да  може да вклучи многу повеќе преквалификација, доквалификација и обука за работно место а со тоа да се  обезбеди побрзо усогласување помеѓу понудата и побарувачката. Царовска информираше дека за оперативниот план за 2019 година се обезбедени рекордни 1,1 милијарда денари кои според неа даваат можност за програмирање на  повеќе активни мерки за повеќе граѓани.