Свет
11. January 2016 - 8:37

Новиот лидер на Каталонија најави отцепување од Шпанија во следните 18 месеци

Новиот претседател на регионалната влада на Каталонија, Карлес Пуждемон се обврза да ја продолжи политиката на неговиот претходник Артур Мас и најави отцепување од Шпанија во следните 18 месеци.

Ваквата најава Пуждемон ја даде во говорот пред регионалното Собрание во Барселона, откако беше избран од пратениците со 70 гласови „за“ и 63 „против“.

Во саботата, досегашниот каталонски лидер Мас прифати да се повлече од функцијата за да може во последен момент да се формира регионалната коалициона влада и да се избегнат нови избори, што локалните сепартистички партии не ги сакаат.

Малата левичарска партија Листа за народно единство се согласи да влезе во коалиција со сепаратистичкиот блок „Заедно за да“ на Артур Мас, кој освои најмногу гласови на ноемвриските избори, но како услов за коалицирање го постави повлекувањето на досегашниот каталонски лидер.

Во своето обраќање, Пуждемон, кој е досегашен градоначалник на градот Херона, се заложи за запирање на поделбите меѓу Каталонците, кога станува збор за независноста на овој шпански регион.

- Постои голема подршка за независноста, но има многу повеќе кои допрва би можеле да бидат наклонети (кон независноста), а тие се повеќе отколку пред дваесетина години, рече Пуждемон.

Тој, сепак, побара во сегашната фаза да се обезбеди многу поголема подршка за отцепувањето од досегашната, па ги повика сите Каталонци да им се приклучат на сепаратистите.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој по декемврсиките избори се уште не знае дали ќе може да остане и натаму на премиерската функција, изјави во Мадрид дека без разлика кој ќе ја формира идната Влада на Шпанија, никој нема да прифати сецесија и расцепување на шпанската државна територија.