Бизнис
9. јуни 2018 - 17:28

Новиот инвеститор во Фени најавува активирање и на втортата производна линија

ЏИ СОЛ, новиот инвеститор во ФЕНИ најавува дека ќе биде пуштена во погон и втората производна линија што ќе донесе нови вработувања и зголемен извоз. Во услови на стечај кавадаречкиот гигант успешно произведува. Досега компанијата чиј план за реогранизација на комбинатот беше прифатен од доверителите, има инвестирано 70 милиони долари во кавадарци

Фени ветува иднина. Има одлични луѓе, важна локација и можност да се развива. Маркос Камхис, директор на Џ гол, новиот инветситор во комбинатот, верува дека кавадаречката компнаија за фероникел може да биде лидер на пазарот во Европа.

„Многу е тешко да се изградат нови фабрики во оваа индустрија, фабрики кои имаат историја, капацитет за успешно работење. Со силна инвестиција како што е нашата веруваме дека резултатите ќе бидат исклучително добри. Ние ја гледаме можноста не само во водење на бизнисот, како што се води денеска, туку како растечка инвестиција. Со нови инвестиции во бизнисот, со внесување нови финансиски средства, можеме да ја отвориме втората линија на производство, да вработиме повеќе луѓе, да го зголемиме извозот и да ја подобриме технолошката инфраструктура за подобро производство. Ова е визијата која ја имаме за Фени“, вели за Сител Маркос Камхис.

Џ сол уште пред две години пројавиле инетерс за кавадаречкиот гигант, но преговорите пропаднале. Со почетокот на стечајната постапка повторно се јавија како заинтересирана старана и понудија план за реорганизација кој беше прифатен од страна на доверителите. Во веме на стечај, Џ сол има инветсирано 70 милиони долари во ФЕНИ.

„Комбинатот успеа да работи за време на стечајот, преку договор за соработка и Фени започна да произведува повторно. Така, наместо типичен стечаен процес во кој што компанијата се затвора, работниците си одат дома, во овој случај, и верувам дека беше добра иницијатива, поради тоа што се заштитија вредностите на компанијата, се заштитија работниците и сето тоа добро е за државата. Успешно се организираше процес преку кој компанијата ќе работи за време на стечајниот процес. Така сите вработени се назад на своите работни места, и верувам дека се прилично среќни, компанијата произведува и извезува. И за време на стечајот, компанијата работи успешно“, вели Камхис.

Џ сол е приватен фонд кој постои веќе 10 години,  а од 2014 се занимава со фероникел. Веќе имаат еден позитивен пример на рестартирање на компанија. Гленкор од Доминиканста република била целосно затворена и ја рестартирале за 9 месеци. Сега таму успешно работат 1000 луѓе.