Свет
8. July 2020 - 10:16

Новиот француски премиер вети 7,5 милијарди евра за вработените во болниците

Новиот француски премиер Жан Кастекс изјави синоќа дека неговата Влада ќе издвои 7,5 милијарди евра за зголемување на платите на вработените во болниците.

„Инсистирав работните места да бидат во центарот на разговорите“, објави Кастекс на Твитер по разговори со синдикатите, болнички работници и Владата, што почнаа пред реконструкцијата на Владата во понеделникот.

Иако Франција има еден од најдобрите здравствени системи во светот, вработените во болниците бараа повеќе пари, работни места и опрема во последните десет години со цел подобро да се одговори на потребите.

Пандемијата на коронавирусот уште повеќе го оптовари системот, а болниците беа на работ на заситеност во оваа година.