Македонија
20. April 2021 - 9:11

Новиот директор на Природно-научниот музеј Ферат Мемети јавно му се заблагодари на Касами за функцијата

Новиот директор на Природно-научниот музеј Ферат Мемети јавно му се заблагодари на лидерот на БЕСА, Билал Касами за добиената функција.

Мемети на Фејсбук се пофали дека добил директорско столче во музејот, а потоа и јавно напиша дека голема поддршка имал токму од лидерот на Беса, Касами.

-Денеска, официјално ја прифатив должноста да раководам со Природно-научниот музеј на Македонија. Благодарност до Движењето Беса и до претседателот Билал Касами за поддршката да раководам со овој музеј, напиша Мемети на Фејсбук.