Македонија
7. August 2018 - 16:15

Новиот амбасадор на Косово е непожална личност за турската заедница

 

Турската заедница во Македонија остро реагираше на веста дека новиот косовски амбасадор во земјава ќе биде поранешниот заменик министер за надворешни работи Герг Дедај. Против него во Косово е  покренато обвинение за ширење на верска , расна и национална омраза, а причина се неговите навредливи и скандалозни изјави против Турција . Од партијата за Движење на Турците во Македонија апелираат да не се дозволи ваква контраверзна личност да биде именувана за амбасадор во земјава.

Категорични сме дека човек кој има ваков фашизоиден и примитивен ментален склоп во ниту еден случај не смее да биде амбасадор во нашата земја која во сите сегменти максимално се труди да ја негува и промовира мултиетничноста како една голема придобивка за целото општество. Сигурни сме дека прифаќањето на дотичната личност како амбасадор во Р. Македонија ќе резултира негативно врз мултиетничките релации во нашава земја и регионот, но и ќе влијае негативно и кон пријателството со Р. Турција.

Македонската страна нема официјален став во врска со случајхот, а од Кабинетот на Престедателот  велат дека досега не добиле официјално барање за согласност за издавање агреман на новоименуваниот амбасадор на Косово. Косовскиот престедател Хашим Тачи веќе го потпиша указот за  негово именување, а Дедај веста веднаш ја сподели на својот фб профил. Пред неколку дена тој  ги обвини Турција и Србија дека сакаат да го окупираат Косово, а  овие две земји ги нарече вештерки на Балканот. Поради овие изјави малцинските заедници на Косово побараа негова оставка,а владата на Харадинај се огради од  ставовите на Дедај, оценувајќи ги како лични.