Свет
6. March 2018 - 13:05

Новинарот со најдолг затворенички стаж во светот пуштен на слобода

Узбекистанецот Јусуф Рузимурадов, новинар со најдолг затворски стаж, е пуштен на слобода по 19 години минати во затвор, објави лондонски „Индепендент“.

Рузимурадов беше новинар на опозицискиот весник „Ерка“ („Слобода“) кога во 1999 година е уапсен под обвинение дека „работи против државата“. Тој беше осуден заедно со неговиот уредник Мухамед Бекјанов за „објавување и дистрибуција на забранет весник“, што е протолкувано како „обид за уривање на владата“. 

Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ) го поздрави ослободувањето на Рузимурадов, изразувајќи жалење поради „тешката неправда што му е нанесена со одземање на 19 години од животот“.

затвор

- Можеме да здивнеме, бидејќи во Узбекистан конечно е ослободен Јусуф Рузимурадов, новинар што најдолго време мина во затвор, изјави претставничката на ЦПЈ, Нина Огњанова.

Организацијата Хјуман Рајтс Воч обвинува дека 64-годишниот Рузимурадов бил измачуван во затворот и дека бил осуден врз основа на „лажни политички обвинувања“. 

Организацијата наведува дека Рузимурадов и Бекјанов во 1999 година биле киднапирани во Украина и потоа илегално пренесени во Узбекистан, каде се осудени на по 15 години затвор, но казните подоцна им се продолжени поради „кршење на правилата на затворот“. 

Според ХРЦ, станува збор за „посебна форма на психичко измачување со цел едно лице да се направи целосно беспомошно и очајно и да неможе да ја контролира својата судбина“.

Јусуф Рузимарудов

Бекјанов беше ослободен минатата година со амнестијата на политчките затвореници, што ја прогласи узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзиојев. При амнестијата беа ослободени 20 од 34-та осуденици, кои меѓународните организации за човекови права ги терираа како политички затвореници. 

Ослободувањето на Рузимурадов доаѓа во пресрет на почетокот на судскиот процес против новинарите Бобомурод Абдулаев и Хајот Насридинов, превиден за оваа недела во Ташкент. Тие се обвинети за „заговор со цел уривање на правниот поредок“, за што според узбекистанското законодавство може да бидат осудени на до 20 години затвор.  

Нивните адвокати ваквите обвинувања ги оценија како лажни и полиитчки мотивирани.