Свет
6. May 2016 - 9:47

Новинар од „Вашингтон пост“ потсети дека ако победи Трамп ќе „јаде весници“

Дана Тимоти Милбанк, политички кулминист во „Вашингтон пост“, кој на почетокот на партиските избори во САД рече дека ќе „јаде весници“ ако милијардерот Доналд Трамп ја добие републиканската номинација за претседателските избори во САД, потсети  дека ќе го одржи ветувањето. 

По победата на Трамп во американската сојузна држава Индијана и повлекувањето на републиканецот Тед Круз, главниот ривал на милијардерот, Милбанк на Твитер потсети деќа ќе го одржи ветувањето и дека ќе изеде страница од весникот. 

Многу читатели на Милбанк му испратиле различни рецепти како полесно да изеде хартија, некои од нив дале предлог за разновидни сосови како и сецкана сланина или сладок милкшејк со различни ароми. 

Бидејќи читателите ќе избираат најдобар рецепт за весник, еден готвач во Вашингтон на 12 мај ќе подготви за Милбанк неколку различни оброци на база на хартија. 

Тие јадење ќе ги проба и новинарот на „Вашингтон пост“ кој е задолжен за кулинарски рецепти и ќе даде свое мислење. 

-По тоа јас ќе ги изедам сите тие јадење. Сигурно ќе бидат вкусни, но како ќе го издржам Трамп уште шест месеци? Морам да земам нешто за добро варење - се пошегува Милбанк и додаде дека дегустацијата ќе биде во живо пренесена на Фејсбук страната на „Вашингтон пост“.