Кошарка
24. July 2016 - 10:42

Новицки ја продолжи верноста кон Далас

 
Германецот Дирк Новици ја продолжува соработката со екипата на Далас „Маверикс“., пренесуваат медиумите во САД. 
 
Иако 38-годишен германскиот кошаркар и натаму важи за еден од најдобрите крилни-центри во најсилната лига на светот НБА. Соработката со Далас ќе продолжи и во наредните две сезони, за што Новицки ќе биде богато платен.
 
Имено, Германецот кој целата своја кариера ја помина во Далас, изминатите две сезони заработиваше по 8 милиони долари годишно, но продолжувањето на негова „верност„  кон клубот сега ќе го зголеми неговото парично конто за дополнителни 50 милиони долари.
 
Американските медиуми пренесуваат дека договорот е веќе постигнат и дека треба само формално да биде потпишан.