Кошарка
8. March 2017 - 10:10

Новицки ја мина границата од 30.000 поени

Легендарниот германски кошаркар Дирк Новицки стана шестиот играч во историјата на НБА лигата со најмалку 30.000 постигнати поени. Новицки го предводеше Далас до победа над ЛА Лејкерс 122-111 и крај своето име запиша 25 поени, а имаше и 11 скокови.

Германецот ја игра својата 19. сезона во Далас, а магичната цифра од 30.000 поени ја мина на почетокот на втората четвртина.
 
38-годишниот Новицки се наоѓа зад легендите Вилт Чембрлен (31.419), Мајкл Џордан (32.292), Коби Брајант (33:643), Карл Мелоун (36.928) и Карим-Абдул Џабар (38:387) на листата на најдобри стрелци во историјата на НБА лигата. 
 
На другите два дуела, Расел Вестбрук имаше рекордни во кариерата 58 поени против Портланд, но неговата екипа Оклахома Сити загуби so 121-126, додека Бојан Богдановиќ како играч од клупата постигна 29 поени за Вашингтон на гостувањето кај Феникс во победата со 127:131.