Свет
30. November 2015 - 8:26

Нови жртви во Саудиска Арабија при гранатирање од Јемен

Три лица беа убиени во Саудиска Арабија при гранатирање од Јемен во близина на границата меѓу двете држави, соопшти саудиското Министерство за внатрешни работи.

Саудиски граничар бил убиен како резултат на гранатирање од јеменска територија. Двајца Јеменци кои живеат во Саудиска Арабија загинале при гранатирање на границата во јужниот регион Џазан.

Граничните региони на Саудиска Арабија често се цел на напади од територијата на Јемен каде Ријад предводи арапска коалиција во бомбарадирање проирански шиитски бунтовници.