Балкан
7. November 2016 - 11:33

Нови земјотреси ова попладне го тресат Балканот

Регистриран е потрес во Грција со јачина од 3,3 степени по Рихтер, како и со 2,8 степени по Рихтер.
 
Се стресе и Албанија, а потресот бил со јачина од 2,5 степени.
 
Утрово во 3 часот и 11 минути се стресе и Скопје. Потресот бил со јачина од 2 степени.
 
Се тресат и Турција и Италија.
 
Инаку, периодов во Европа и на Балканот имаше многу силни земјотреси. Пред два месеци во Скопје беше регистриран потрес од 5,3 по Рихтер, а ист таков деновиве беше почувствуван и во Албанија. 
 
Италија се тресеше со 6,1 и 6,8 степени. Разорниот земјотрес направи невидени штети.
 
Се надеваме ќе има мирен период и тлото ќе се смири.