Свет
27. August 2016 - 10:07

Нови вторични потреси ја погодија централна Италија на Денот на жалост

Жителите на италијанските градови, разурнати во земјотресот во средата, беа разбудени ноќеска од нова серија потреси, од кои најсилниот изнесуваше 4,2, степени по Рихтеровата скала.

Во Италија денеска е Ден на жалост за жртвите на природната стихија, во која загинаа 281 лице и 387 се повредени.

Подоцна во текот на денот, во Асколи Пичето ќе се одржат државни погреби за некои од загинатите, на кои ќе присуствуваат премиерот Матео Ренци и претседателот Серџо Матарела. Пред погребите, ковчезите со посмртните останки се изложени за поклонение во фискултурна сала во гимназија.