Нови тротоари во општина Новаци
Општина Новаци почна со изградба на тротоари во населеното место Новаци, како и во селата Гермијан и Добромири.
Од општина Новаци информираат дека градежните активности се изведуваат на регионалниот пат Р1311 и притоа ќе бидат изградени тротоари во должина од 400 метри.
- Вредноста на овој зафат само во Новаци изнесува 1,7 милиони денари, а паралелно тротоари се градат и во селото Добромири во должина од 340 метри за што ќе бидат вложени 1,4 милион денари и во селото Гермијан во должина од 600 метри за што обезбедивме 1,2 милион денари, истакна градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.
Средствата за овие градежни активности – изградба на тротоари во трите населени места Новаци, Доброимир и Гермијан се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, односно преку Фондот за фосилни горива, потврдуваат од општината.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација