-->
-->
Нови три случаи на заразени со коронавирусот во Словенија
-->
По период без нови случаеви, изминатите неколку денови во Словенија повторно се регистрираат новозаразени со коронавирусот.
Во последното деноноќие се потврдени три нови случаи. Во истиот период тестирани се вкупно 567 лица. Поради Ковид-19 болнички се лекуваат седум пациенти, а еден е на одделението за интензивна нега.
Според Националниот институт за јавно здравје добро е што новозаразените се практично без симптоми. За еден случај во Марибор се знае дека се работи за словенечки државјанин кој се вратил од Србија.
Во истиот град две цели одделенија се испратени во самоизолација, откако беше откриено дека ученик во основното училиште Лудвиг Плиберк е позитивен на вирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација