Џет-Сет
9. February 2016 - 17:22

Нови тетоважи на телото на Анџелина Џоли

Анџелина Џоли веќе има околу 17 тетоважи на своето тело, вклучувајќи ја и онаа што ја направи во декември на рамото. Повеќето од нејзините тетоважи се однесуваат на децата, оние што ги роди во бракот со Бред Пит како и посвоените.

Таа моментално престојува во Камбоџа каде го снима филмот First They Killed My Father: A Daughter of Cambodia Remembers, што е инаку родното место на нејзиниот посвоен син Медокс, па престојот го искористи да нафрли уште една тетоважа во негова чест.

Таа го тетовираше рбетот со техниката јантра. 

Претходно таа во чест на шесте деца и сопругот Бред Пит, направи тетоважа со географските координати на нивните места на раѓање на својот лев бицепс.