Loading Video...
Балкан
9. July 2020 - 19:36

Нови судири во Белград

Нема полициски час за Белград. Вака денеска одлучи српскиот кризен штаб. Сепак, донесени се мерки за забрана на собири на групи поголеми од 10 лица и ограничување на работното време на продавниците и трговски центри. Премиерката Брнабиќ изрази загриженост дека поради протестите дополнително ќе се влоши епидемиолошката слика  во Белград.

Демонстрациите кои започнаа во знак на незадоволство поради најавениот карантин,  вчера се проширија и во другите градови во Србија. На нив се приклучија и лидерите на опозицијата. Најжестоко беше во Крагујевац и Нови Сад, каде се бараа оставки од државниот врв, градските и распуштање на кризниот штаб.

Повредени беа десетици полицајци и демонстранти, а  БИА приведе и  двајца израелски државјани, по потекло од Киргистан и Украина, Министерот за внатрешни работи Стефановиќ претходно соопшти дека се разгледуваат наводите за вмешаност на странски фактори во немирите. Претседателот Вучиќ пак отпатува во Париз, каде со Макрон ќе разговара за Косово. Од авион им порача на граѓаните дека државата ќе го заштити мирот.

Во меѓувреме американската амбасада изрази загриженост поради насилствата во Србија, и како што наведува координираните акции против полицијата како и прекумерната употреба на сила од двете страни.