Свет
2. August 2016 - 9:12

Нови случаи на заболени од вирусот зика на Флорида

Американскиот центар за контрола на болести издаде вчера предупредување за бремените жени да не патуваат во сојузната држава Флорида, каде се пријавени нови случаи на вирусот зика, кој предизвикува микроцефалија и сериозни оштетувања на мозокот кај новороденчињата.

Надлежните забележале десет нови случаи на зика на Флорида, што значи дека моментално има 14, поради што гувернерот на сојузната држава Рик Скот побара федерална помош за борба против ширењето на вирусот.

Скот нагласи дека сите заразени во Флорида го добиле вирусот од локалните комарци.

Американските здравствени работници уште пред неколку месеци предупредуваа на можноста од појава на зика, но Конгресот не ги одобри фондовите за борба против комарци.