-->
-->
Нови шест смртни случаи од Ковид-19 во Грција и 20 новозаразени
-->
Од почетокот на епидемијата на коронавирусот, во Грција се регистрирани вкупно 1.755 позитивни случаи, вкупно 79 лица починале, а анализирани се 26.193 примероци.
Според денешните информации од Министерството за здравство на Грција, соопштени од професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, во изминатите 24 часа регистрирани се 20 нови заразени лица и уште шест смртни случаи.
Во грчките болници, досега пуштени се 269 граѓани, додека пак приклучени на апарати се лекуваат 90 лица на просечна возраст од 65 години.
Од смртните случаи, односно од 79-те лица, 29 отсто се жени, а 86 проценти имале некој здравствен проблем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024