Свет
26. September 2017 - 21:10

Нови санкции од САД за банки и лица од Северна Кореја

САД воведоа санкции за осум севернокорејски банки и за лица поврзани со финансискиот систем во таа држава како дел од напорите да се изолира режимот поради нуклеарната и воена програма.

– Нашите мерки се во корелација со резолуции на Советот за безбедност на ОН. Тие се дел од стратегија за целосна изолација на Северна Кореја, за исполнување на сите наши цели за безбедност и денуклеаризација на Корејскиот полуостров, изјави американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин.

Санкциите се воведени за 26 Севернокорејци кои живеат во Кина, Русија, Либија и ОАЕ и се на раководни места во севернокорејски банки. Со санкциите се болкираат нивни сметки и се воведува забрана за нивно влегување во САД.