Свет
22. November 2017 - 9:02

Нови санкции на САД поради соработка со Северна Кореја

 

САД воведоа санкции против 13 кинески и севрнокорејски организации поради трговија и помагање на Пјонгјанг да ги избегне нуклеарните рестрикции.

Санкциите се воведени откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја врати Северна Кореја на црната листа на држави кои поддржуваат меѓународен тероризам.

Експертот за санкции во Центарот за нова американска безбедност Питер Харел изјави дека санкционирањето на компаниите вклучени во обичната трговија се логичен чекор на кампањата за притисок.