Македонија
23. November 2018 - 8:14

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Титаник“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство.

Минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено поради, бидејќи во судница не беа присутни поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, како и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор во затворот „Скопје“.

Судот ќе треба да се изјасни по барањето на застапникот на обвинението на поранешниот премиер Никола Груевски, да му се суди во отсуство.

Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 70-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 800 разговори.

Во Кривичниот суд, денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал