Македонија
1. March 2021 - 16:49

Нови рестрикции за влез во Грција - Транспортерите трпат големи штети

Влез во Грција за превозниците само со негативен ПЦР тест. Транспортерите алармираат дека грците без никаква претходна најава вовеле тестирање. Ова создало огромни колони товарни возила во текот на вчерашниот ден. Проблем е што граничниот премин Богородица – Евзони работи само 12 часа, а за тој период може да се истестираат само 60 возачи.  Тие реагираат дека нивното движење не смее да запре. Во спротивно ќе се соочиме со недостаток на гориво и други производи.

Проблем за превозниците е и веб страната на која што треба да се пријават за влез во Грција. Страницата е блокирана а првиот слободен термин за влез е дури во април.

Превозниците се надеваат дека под притисок на надлежните институции грците ќе ја повлечат одлуката. Велат дека штети трпи не само Макеоднија туку и целиот регион.