Македонија
6. December 2017 - 17:06

Нови пунктови за бездомници во 3 градови - Момин Поток од денеска отворен 24 часа

Три нови регионални пунктови за бездомници отвора Министерството за Труд и социјална политика. Зимскиот студ ќе можат полесно да го поднесат со топол оброк и напитоци во центрите во Струга, Битола и Струмица. Ресорната министерка најави поголема грижа за бездомните лица и нивна ресоцијализација.

40 волонтери заедно со социјалните служби и лекари ќе патролираат во текот на ноќните часови на местата каде вообичаено се наоѓаат бездомните лица. Пунктот ќе биде отворен постојано каде овие лица ќе можат да се сместат и да добијат топол оброк и чиста облека. Црвениот крст има капацитет да смести 120 лица во текот на зимата..

Градот Скопје најави дополнителни 30 проценти од досегашните средства за помош и поддршка на пунктот од следната година.

Лани во Момин поток престојувале 54 бездомни лица. Црвениот крст располага со 32 легла и санитарен контејнер со 4 туш кабини.